Discover
Start a collection Search

deanstoilovski

272 contributions 2 participating

contributions participating

Сакај ме, сакај ме, сакај ме, нека тоа го знаат сите, започнуваме нов живот, почнуваме ти и јас, среќата е на наша страна, а љубовта е родена?

Бев само минута во твоите часови. Бев само капка вода во океанот на твоите страсти. Бев сосема незначајна планета во твоето соѕвездие, само момент на сјај во твоите очи. Бев само еден трендафил во многуте цветови и капка вода во преполнетата чаша. Бев само чекор во аргентинското танго и тоа оној последниот. Бев само мало интермецо, но сепак те сакам, иако бев само сосема мал дел од твојот живот!

Ако е грев да сакаш убавина, тогаш мојот живот и мојата судбина нека ми бидат сведоци дека сум грешник.

Мојата душа вечерва ќе го напушти моето тело за да биде близу тебе. Како скитник ќе лута и ќе бара утеха кај твојата. Но што ќе се случи? Ќе остане без утеха и ќе живее некаде далеку со другите, а моето срце ќе престане да чука и телото ќе ми биде безживотно, ладно и покриено со солзи од оние што ме сакаа, а ќе слават оние што ме мразат и долго ја посакуваа мојата смрт...

Никој не може да живее среќно, а да не прима и да не дава љубов. Тоа е задоволување на законот и на животот.

Да те помнам ме тера минатото, да те сакам ме тера иднината, да ме сакаш не те задолжувам, сакај ме ако заслужувам...

На светот постојат две најубави и скапоцени нешта:
-сецето и ти.
Срцето за тебе,а Ти само за мене!

Ќе сакаш некого, ќе сакаш некогаш, но никогаш никого, како некогаш некого!

Постои некој на кој му требаш, кој те сака, кој секогаш мисли на тебе... Ако сакаш да знаеш кој е, послушај го срцето и изговори го името мое!

Ако некогаш плачев тоа беше зашто ми беше тешко. Ако некогаш зборував тоа беше зашто незнаев што да кажам... Ако некогаш изгледав изгубено тоа беше зашто неможев да го најдам патот... Но затоа ти беше тука да ми подадеш рака... Да ми кажеш дека животот не е лесен... Да ми кажеш дека патот кон врвот е трнлив и тесен... Дека болката со чекан убива... Но надежта последна умира... Го освоив врвот давајќи сè од себе, а целта ми беше да најдам другар/ка како тебе.

Кога срцето е полно со љубов, секое делче е полно со се што е живот и живее вечно. А без љубов, телото е темнина во која душата страда поради своето постоење.

Еј, ангелу на мојот живот, капка крв што ми даваш за да преживеам, здивот од градиве што ми го одземаш, слушни ја мојава исповед: Те сакав порано, во минатото, те сакам сега во сегашноста, ќе те сакам и во иднината, ќе те сакам и тогаш кога ова сега ќе биде некогаш, ќе те сакам засекогаш!